Skip to content

Приказната на HAVENWOOD

Добредојдовте на блогот каде што ја споделуваме секоја фаза од развојот на нашиот нов комплекс!

Тука ќе можете да го следите секој чекор од трансформацијата на HAVENWOOD – од првите темели до финалните детали. Ќе споделуваме новости, фотографии и интересни приказни од градилиштето, за да бидете секогаш во тек со напредокот на вашиот иден дом.

10.05.2025Поставување на геотекстил GEOTESS 500 

Во рамки на подготовката на темелите, на теренот се поставува геотекстил Geotess 500 – специјален материјал кој има важна улога во заштитата и стабилноста на објектот. Овој геотекстил служи како заштитен и израмнувачки слој под хидроизолацијата, овозможувајќи подолг век на траење и дополнителна сигурност за темелната конструкција

 

18.05.2025Ставање на геомрежа FORTRAC R110/110-25T

Во оваа фаза од градбата, на теренот се поставува геомрежа FORTRAC R110/110-25T – специјализиран материјал за армирање и стабилизација на земјиште. Оваа геомрежа е изработена од високо квалитетни полиестерски влакна со заштитен полимерен слој, што придонесува исклучителна цврстина и долготрајност.

 

24.06.2025 – Армирање на темелна плоча за Зграда 1

Започнуваме со еден од клучните чекори во изградбата на Зграда 1 – армирањето на темелната плоча.

 

16.07.2025 – Поставување на камен темелник на Зграда 1

Со симболичното поставување на камен-темелникот започна изградбата на Зграда 1. Поставувањето на камен-темелникот ја означува нашата одлучност кон градење современа, безбедна и пријатна заедница за сите идни жители. Во следните недели ќе се работи интензивно на почетните конструкции.

 

 

22.09.2025 – Тековни работи на Зграда 1 и Објект 4

На Зграда 1 се изведува шалување и армирање на плоча – кота 0, како дел од конструктивните работи на објектот. Паралелно, на Објект 4 е во тек бетонирање на платната.

 

17.11.2025 – Тековни работи на Зграда 1 и Објект 4

Во Зграда 1 се шалува и армира втората плоча, додека кај Објект 4 во моментов се изведува бетонирање на приземјето согласно проектните спецификации. Овие чекори се основа за понатамошен напредок во изградбата на комплексот.

 

20.02.2026 – Конструктивни работи на Зграда 1: Плоча на 5-ти кат

Во оваа фаза од изградбата се врши шалување и армирање на плочата на петтиот кат. Активностите опфаќаат монтажа на челична арматура и поставување на оплата според строгите проектни спецификации, со што се заокружуваат техничките подготовки пред пристапување кон бетонирање на оваа позиција.

 

16.03.2026 – Паралелна изведба на ѕидарски и инсталациони позиции во Зграда 1

На вториот кат е започната фазата на ѕидарија. За изведба на надворешните и внатрешните преградни ѕидови се користат NEXE термоблокови. Изборот на овие материјали е направен поради нивната димензионална прецизност и докажаните карактеристики за термичка и звучна изолација, што придонесува за енергетската ефикасност на објектот. На ниво на приземје е започнато со поставување на основните електрични и водоводни инсталации. Работите се изведуваат низ целата површина на приземниот дел за да се обезбеди потребната функционална инфраструктура на објектот.