Овој дел од нашата страна е креиран за сите кои сакаат одблизу да го следат напредокот на нашиот најнов проект. Преку редовни извештаи, автентични фотографии и ексклузивни детали од зад сцената, ќе ве водиме низ секој чекор од патот до вашиот иден дом.“
11.05.2026 – Официјален старт на подготовките за GardenView
„Првиот чекор кон реализација на визијата! Тешката механизација е веќе на терен, работејќи на целосно расчистување и подготовка на подлогата. Во тек се подготовките за оградување на градилиштето, со што јасно ги дефинираме границите на нашиот нов комплекс.
13.08.2026 – Градежни активности на повеќе објекти во комплексот GardenView
Изградбата на комплексот GardenView напредува со брзо темпо, при што активно се работи на подготовка и изведба на темелните конструкции на повеќе објекти истовремено:
- Објект 1 и Објект 3: По успешното бетонирање на темелната плоча, градежните работи преминаа во следната конструктивна фаза. Во тек е шалување на армирано-бетонските платна и поставување на арматура за столбовите, со што започнува оформувањето на носечката конструкција.
- Објект 2 и Објект 4: На овие позиции се изведуваат подготвителни работи на теренот и се спрема подлогата за излевање на подложниот (мршав) бетон, кој служи како заштитен слој пред поставувањенето на арматурата и шалување на темелна плоча





